Приватните специјализанти протестираат за повисоки плати и регулирање на работниот статус

Приватните специјализанти протестираат за повисоки плати и регулирање на работниот статус

Приватните специјализанти одржуваат мирен протест пред Министерството за здравство со барања за покачување на месечниот надоместок, за добивање на здравствено осигурување и регулирање на работниот статус.

Според „Здружението на лекари специјализанти„ барањата кои се доставени до министерот за здравство се, покачување на месечниот надомест од 26 илјади денари на ниво на моментална просечна плата во Македонија и понатамошно усогласување на нивната плата со просечната плата во земјава.

Здружението бара сите приватни специјализанти да добијат здравствено осигурување и да им се регулира работниот статус, бидејќи во моментов се водат како невработени лица со договор на дело, без стаж во текот на шестте години специјализација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста