Во ек на коронавирусот, покрај тони месо, Владата си купила и илјадници литри алкохол

Во ек на пандемијата од коронавирусот, Владата со пари на граѓаните си купувала илјадници литри алкохол. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави нова скандалозна афера, покрај тоните месо, на Илинденска си набавиле и два тона сортно вино, 45 литри бурбон, 90 литри шкотско виски и 30 литри шапмањ.

-Ова не е е само голем скандал, ова е забеганост, ова е лудост, ова се прави додека луѓе умираат и додека има вонредна состојба. Ова е надвор од памет! Во буџетот има дупка од 1.3 милијарди евра, ама нема дупка кога треба да се набават луксузна храна и алкохол. Еве за што им служат набавките во време на корона – за честење, за пиење и јадење скапа храна. Додека Заеви делат пакети за поткуп, за кој медиумите пренесоа дека се со артикли со поминат рок, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Покрај алкохол, на истиот ден кога СЗО прогласи глобална пандемија од Ковид 19, Владата склучила и договор за набавка на свежо месо. Од буџетски пари купени биле  половина тон јунешка кртина рамстек, 380 килограми бифтек, 180 килограми свеж мускул, 2.200 килограми јунешки бут, медаљони, како 1,3 тона свежо свинско месо.

Граѓаните се разочарани што во период кога Македонија е под сериозна закана од коронавирусот, а се најавува и сериозна економска криза, Владата троши на луксуз. Порачуваат парите требало да се пренаменат за други цели.

Од опозицијата укажуваат дека приоритет на државата во овие мигови треба да биде здравјето на луѓето, а не набавка на скапи прехрамбени продукти и алкохол.

Велат ова што се прави е лудост и бараат сите набавки итно да се поништат, а парите да се пренаменат за купување заштитна опрема за лекарите и дезинфициенски за болниците.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста