Јанушев: Народот нема леб, а Владата купува школки и октоподи; Влада: Тоа што нема да се потроши нема ни да се плати

Додека народот нема за леб и сол, Владата на СДСМ купува школки, октоподи и морска риба, обвинува генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев. Тој го посочи извадокот од веб-страната на Бирото за јавни набавки од која се гледаат три договори со кои Владата, преку СОЗР, на 07.04.2020 година купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи, а сето ова се правело во период додека медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа.
-Наместо да се набават нови респиратори, заштитна опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари.
Од Владата му одговорија: Тоа што немало да се потроши не се ни плаќало, а количините кои се набавувале биле предвидени и пресметани исклучиво согласно калкулациите и потрошувачката во изминатите години.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста