Се тресеше регионот утрово

Се тресеше регионот утрово

Низа земјотреси утрово се регистрирани во регионот. Најсилно се тресеше Турција, а потоа Хрватска и Босна и Херцеговина.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди централна Турција, на 62 километри од Адијаман, на длабочина од пет километри. Засега нема информации за повредени или материјална штета, според тамошните медиуми.

Земјотресот со јачина од 3,0 степени според Рихтер е регистриран утрово и во Хрватска со епицентар во близина на островот Чиово, три километри јужно од Трогир, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

Утрово и на североистокот на Босна и Херцеговина е регистриран за нијанса послаб земјотрес од 2,8 степени според Рихтер со епицентар на 15 километри од Сански Мост и 56 километри од Бања Лука, покажуваат податоците на Европскиот сеизмолошки центар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста