ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија трајни последици за Македонија на патот кон ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија трајни последици за Македонија на патот кон ЕУ

Владата предводена од СДС и ДУИ единствено што знае е да се грижи за личните и партиските интереси. И од држава воопшто и посебно од надворешната политика направија циркус, стои во новото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата прифати услови за ЕУ без никаква консултација дома, без никаква консултација со релевантните чинители во Македонија. Чекорите кои ги преземаа Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и Бујар Османи оставија трајни последици по евроинтегративниот пат на Македонија. Наместо да укажат на штетните и нереални ставови на Бугарија пред европските претставници, тие прифатија договор или услови кои се на штета на граѓаните и на државата. Ковачевски, Маричиќ и Османи со обврските кои ги преземаа, а знаеја дека не може да се реализираат, купуваа само ден повеќе на власт. И додека ја бараа поддршката за неприфатливиот услов продолжуваа да крадат“, велат, меѓудругото, од ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста