ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе резолуцијата во Собрание, Бучковски загрижен бидејќи правела лошо во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ официјално ја поднесе до Собранието резолуцијата за заштита на националните интереси на Македонија во преговорите со Бугарија, и порачаа дека очекуваат што побрзо собранискиот спикер, Талат Џафери да ја стави на дневен ред. Пратеникот Антонио Милошоски посакува за ова прашање ќе има широк консензус во Собранието, изразувајќи надеж дека нема да има некакви заткулисни игри во владејачкото мнозинство.

-Оваа резолуција заслужува широка поддршка. Доколку не се работи за смислена тактика меѓу коалиционите партнери СДСМ и ДУИ, едните декларативно да поддржуваат, а другите процедурално или содржински да кочат. Ако за тоа станува збор ќе се примети таквото однесување. Затоа за да се биде на чисто, ние повикуваме уште денес, секој пратеник кој што декларативно се изјаснил дека ја поддржува содржината на оваа резолуција, да го стави својот потпис, изјави Милошоски.

Додека владејачката СДСМ декларативно ја поддржува резолуцијата, специјалниот претставник на Македонија во преговорите со Македонија бил загрижен, бидејќи според неговите зборови со овие потези ВМРО-ДПМНЕ направиле сериозна штета за Македонија, но и за Бугарија.

-Се покажа дека реално ВМРО-ДПМНЕ, затоа јас имам сериозна резерва за намерите зошто сега ја форсираат оваа резолуција, не покажа тронка разбирање за заштита на националните и државни интереси. И направи сериозна штета пред се во Македонија, но направи сериозна штета засега и во Бугарија, изјави Бучковски.

Додека од СДСМ барем официјално велат дека ќе ја поддржат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, албанските политички партии не се расположени да гласаат за испишување црвени линии од македонска страна. Откако минативе години добија двојазичност, сега со уште порадикални барање: Повторно  сакаат отворање на Уставот, со цел промена формулацијата на албанскиот јазик.

Останува да видиме дали и колку пратеници на власта ќе го слушнат повикот на опозицијата и ќе се потпишат на оваа декларација. Уште еднаш, сега од устата на Костадин Костадинов, барем декларативно беше потврдено дека доколку ВМРО-ДПМНЕ толку сакале, тие ќе ја поддржеле декларацијата.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста