Грешките зачестија: За странците веќе станавме северномакедонци кои говорат северномакедонски јазик

Северномакедонци кои говорат северномакедонски јазик. Тоа станаа Македонците за светот по потпишувањето на Преспанскиот договор. И покрај потпишаното во Преспа, назикот ненамерно поради новото ни го промени Португалија, а националноста исто така ненамерно стана северна за УЕФА, што подоцна беше исправено, но сепак покажува дека за светот веќе не сме Македонци. Според познавачите ова е очекуван расплет на настаните, како последица од Преспанскиот договор. Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, за Алфа вели дека со потпишаното во Нивици за светот повеќе нема Македонци.

-Атина отворено порачува дека не само она што е државен ентитет според договорот, него и се што е приватно ќе мора да се прекрсти, и тоа е неизбежно. А тоа значи дека се ќе биде северномакедонско, од народ, до јазик, до историја, до традиција, до се што постои. Ако има Франција се е француско, ако има Данска се е данско, ако има Северна Македонија мора да има се северномакедонско. За светот повеќе да бидеме јасни нема Македонци, вели Никовски за Алфа.

Идентитетот е се уште зачуван, но само за устите на власта во Македонија. Состојбата на терен е многу поразлична, а тоа ни го објасни и португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва

-Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час, секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка, кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик таа сакаше да каже македонски јазик, изјави Силва.

Поради потпишаното со Грција ниту македонските фудбалери повеќе нема да бидат македонски. По премиерот Зоран Заев, ова го порача и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, кој вели дека сме морале да го промениме името на Фудбалската федерација на Македонија.

-Ние мора да го испочитуваме Преспанскиот договор и има две опции. Едната е да биде Фудбалска федерација на Северна Македонија, а втората е да биде Фудбалска национална федерација. Нема федерација во Македонија која не примила средства од АМС, освен тие кои се блокирани. Има проблем и со пливачката и скијачката федерација и ќе мора да се организира вонредно собрание за да претседателот добие легитимитет, вели Мојсовски.

Дека ќе мора да направиме промена на имињата на сите јавни субјекти, среде Охрид ни порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кого Заев го претстави како добар пријател и на приватен план. Без инсталирање на кованицата Северна во се македонско, Македонија нема да може да напредува во евроинтеграциите, порача Ципрас.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста