ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба : Проблемите во образовниот процес и лошото менаџирање со ковид кризата силно се рефлектира и на локално ниво

Соопштение на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба:

„Според нашите информации, образовниот процес во општина Гази Баба се наоѓа во сериозна криза која се очекува наскоро да ескалира. Повеќе родители ни се обратија дека нивни деца кои се ученици во основните училишта од оваа скопска општина се во изолација.

Дополнителен проблем за нив е што не може да се грижат за децата во домашни услови поради тоа што се зафатени со редовни работни обврски. Неколку наставници се заболени а цели одделенија се наоѓаат во изолација. Градоначалникот на општината Борче Георгиевски и неговите одговорни лица, според загрижените родители не водат доволно сметка за сигурноста на наставниот кадар и учениците. Проблемите во образованието и неснаоѓањето на централната власт во менаџирањето на ковид криза силно се рефлектира и на локално ниво.

Продолжуваме да ја следиме состојбата со одвивањето на образовниот процес во основните училишта во интерес на јавноста и граѓаните на Општина Гази Баба“, порачуваат тие.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста