Вистинската бројка на заразени со Ковид19 е далеку повисока од официјалната статистика

Ја изгубија ли целосно контролата здравствените власти со пандемијата во Македонија? И покрај официјалната статистика, точната бројка на заразени со Ковид19 не се знае, како ни бројот на лица кои се во изолација. Алфа дознава дека цели фамилии кои имаат симптоми и се позитивни на ковид19 слободно си шетаат по улици, паркови, маркети и ресторани и никој не ги контролира. Додека бројни пациенти се загрижени и во паника – не можат никако да дојдат до ковид тест иако имаат симптоми и чекаат термин за тестирање кои им го закажуваат дури по 10 дена. Многумина се жалат заради доцнењето треба да одат да се тестираат приватно и да платат од џеб. Според првиот човек на ИЈЗ, Шабан Мемети долгото чекање се должи на тоа што пациентите треба да го исполнат алгоритамот, кој признава дека е тежок, а не е до работата на центрите за ИЈЗ.

“Прво за некој да добие упат за тестирање треба да го исполни алгоритамот кај матичниот доктор или кај епдиемиологот. Не се чека во лабараториите кај што се зимаат брисевите. Алгоритамот има некои начела и протокол кој може да добие упат за тетсирање.” – изјави Д-р Шабан Мемети , диркетор на ИЈЗ.

Граѓаните остро реагираат и за доцнењето на дневните статистики на ИЈЗ. Дали проблемот е во недостатокот на здравствени работници и нивниот премор или пак министерството намерно тактизира.

“Се доцни поради тоа што имаме последните денови многу тестови позитивни со Ковид19 кои треба да се проверат по матични броеви и адреси и дали лицето е прв пат позитивно или втор пат. Дополнително, тие што ги добиваме од приватните лабаратории. Нормално кога ќе ги собирате овие бројки треба да се прочистат имињата ние тие имиња ги предаваме на ДЗСИ, тоа е напорна работа.” – вели д-р Мемети.

Д-р Мемети тврди дека ковид тестови, сега за сега има. Но треба да се надополни бројот. Филипче најави дека следната недела во земјава треба да пристигне пратката од 4.000 брзи ковид тестови. Ако пристигнат навреме, пациентите ќе ги прима Поликлиникта во Ѓорче Петров, што би се случило за околу десетина дена. Тестот би чинел најмногу 1.000 денари. Сепак, ако брзиот тест се покаже позитивен, лицето ќе мора да направи и втора потврда преку ПЦР тест.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста