ВМРО-ДПМНЕ: Документите на СДСМ се целосно измислени, следува тужба за клевета – очајнички лажат и манипулираат

ВМРО-ДПМНЕ: Документите на СДСМ се целосно измислени, следува тужба за клевета – очајнички лажат и манипулираат

Лажни имиња, згрешени презимиња, фалсификувани потписи и измислени седници. Владеачката СДСМ ја започна својата црна кампања со објавување на документи, кои очигледно се фалсификувани, со цел да ја обвини опозицијата за слабиот рејтинг на власта во последните анкети. ВМРО ДМНЕ остро ги демантира обивнувањата со најава дека правдата ќе ја бара и преку суд со тужба за клевета. Според нив,  лицето Ивица Грамбозов кој стои во еден од документите воопшто не постои. Презимето на директорот на центарот за комуникации, Луке Галевски, кој е исто во докуемнто, е погрешено. Фалсификуван е потписот на Зоран Ставрески. А и на документите кои се пласирани во јавноста има погрешен датум за одржана седница. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека овој потег на власта на ден пред стартот на изборната кампања, е очајнички и докажува дека  паниката кај СДСМ е се поголема.

“СДС се служи со груби лаги, со фалсификувани документи, со коишто освен што врши недостоинствен напад врз опозицијата, туку во стилот на тоталитарните режими, го нападна јавниот сервис, ги нападна агенциите за мерење на јавното мислење, го спори расположението на граѓаните. Во истата насока ова доаѓа по низа напади врз медиумите затоа што објавувале за криминални и недозволени скандали за владејачки функционери и институции” вели Наум Стоилковски, ВМРО ДПМНЕ.

Се огласија и од Јавниот сервис поради обвинувањата од СДСМ во кои се наведува дека се објавувале лажни анкети во врска со претстојните избори на МРТВ. Во писмото на јавниот сервис се отфрлаат овие обвинувања како неосновани.

За сите овие партиски и политички притисоци и обиди за подривање на кредибилитетот на Јавниот сервис ќе бидат известени сите домашни и меѓународни медиумски организации како и амбасадите и мисијата на ОБСЕ” – се вели во реакцијата на МРТ.

Покрај ВМРО ДПМНЕ, и од ИПИС (Институтот за Политички Истражувања од Скопје) најави тужби за како што велат лажните обвинувања на СДСМ.

За изнесените невистини поврзани со ИПИС ќе се преземат сите правни средства кои ни стојат на располагање, вклучително и тужби пред надлежните судови“, се додава во реакцијата од ИПИС.

Инаку, Ковачевски неодамна ја нападна МРТ затоа што објави анкета од која се гледа двојна предност на ВМРО ДПМНЕ пред СДСМ и дека неговата партија ја очекува катастрофален пораз на изборите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста