Владата го чести грчки Митилинеос 50 милиони евра, а со 20 милиони може сама да почне да ја гради централата

Владата го чести грчки Митилинеос 50 милиони евра, а со 20 милиони може сама да почне да ја гради централата

Кец по математика за македонската Влада или дебела провизија за властодршците? Македонија го чести Митилинеос 50 милиони евра, а со 20 милиони сама може да почне да ја гради гасната централа.

Инвестицијата ќе биде биде двојно помала од оние 290 милиони со кои се фали власта, покажува математиката на универзитетскиот професор Дејан Трајковски. Вели капиталните трошоци ќе бидат меѓу 145 и 150 милиони, додека до сумата од 290 се стигнува со пресметаните камати за кредитот кој планираат да го подигнат Грците.

Трајковски смета дека без да потрошат евро, Митилионеос каматите ќе си ги исплаќа од загарантираниот приход кој им следува од државта, а по 20 години ќе си имаат чист профит, кој исто ќе го гарантира државата. Прашува зошто место да дава 50 на грчката компанија, Македонија сама не земе кредит и уште од стратот да почне да генерира профит од централата. 

-Ако тие со 20 милиони евра може да подигнат кредит, зошто Македонија да не го направи тоа, туку им дава 50 милиони евра помош, па тие слободно со 22 можат да си подигнат кредитот, да ги земат останатите 130 како кредит, со 150 ќе си ја направат централната, потоа каматите ќе си ги отплатат од приходите од енергијата и на крај ќе им остане на нив. Зошто тоа да не го направи Македонија. Разликата е во тоа што приходите после тоа и добивката после одбитокот на трошоците ќе и останат на државата, вели Трајковски за Алфа.

И покрај ова Владата ја турка инвестицијата и тврди дека ако не била директната помош во кеш, од 50 милиони евра, народни пари, Грците немало ни да влезат во Македонија, но вака како што е скроен договорот тие ќе си ја добијат централата буквално бакшиш, товародт ќе падне целосно на македонските граѓани.

Е сега тие 150 милиони евра капитални трошоци со 15 процентно учество, што пресметано во евра би дошло се на се околу 22 милиони евра, останатото ќе биде земено на кредит. И со тие пари со тие 150 милиони евра, тие ќе ја порачаат електраната, може да биде од Кина или било од каде, вели Трајковски.

Инаку, дека законот за стратешки инвестиции, на чиј основ се потпиша договорот со Митилинеос е совршено тло за корупција, сметаат голем дел од познавачите. На оваа тема и Антикорупциска уште пред четири години, кога бил донесен законот, излегла со низа забелешки кои останале игнорирани од страна на Владата. Клучна според антикорупционерите е предвидената тајност при договорањето на таканаречените стратешки инвеститори.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста