Велигденската трпеза годинава ќе биде многу „посолена “ од лани

Пред празник кај нас традиционално се поскапува. Традиционална  велгденската  трпеза годинава изгледа ќе биде вистински луксуз. Цените кои се забележуваат на зелените пазари на производите кои најмногу се купуваат за Велигден бележат значително зголемување.

Годинава табла јајца се движи  од 220 до 270 денари  а значително поскапе зеленчукот, особено доматот кој достигнува цена од 200 денари за килограм  и краставицата од 100 денари. Како што велат пазарџиите поскапувањето се должи на тоа што нема пласман, а цените се очекува да паднат по празниците.

Поскапе и   јагнешкото и тоа за  100 денари повеќе од минатата година.  Цената на јагнето жива мера во моментов е околу 160- 200 денари за килограм, сточарите не се задоволни од оваа цена затоа што годинава сите репроматеријали и храна двојно поскапеа. Очекувањеата се дека во пресрет на празниците откупната цена ќе надмине 200 денари, а во месарниците дека ќе достигне цена и до 500 денари.

Празничното поскапување е само дополнителен удар по џебот на граѓаните кои секојденвно се соочуваат со различни цени во маркетите и не знаат како да излезат на крај на месецот. Дека храната е луксуз покажа и статистика, за една година поскапе за драстични 11 проценти.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста