Се повеќе млади зависници од коцкање – порокот за кој најмалку се зборува

Педесет и три годишниот охриѓанец Мирче Крстески, буквално половина од својот живот го поминал во казина и обложувалници,во тој магичен круг од кој тешко се излегува, долговите се поголеми од сумата која што реално може да се спечали и врати за еден човечки живот,а најголем влог е токму животот. Пред да стане пемногу доцна Крсески кој одлично знае како функционираа организирањето на игрите на среќа,формира здружението за превенција од хазардни игри, Кво Вадис. Старосната граница се спушта, коцкањето станува порок и на деца од 13,14 годишна возраст, оти коцкарниците им се премногу достапни.Само во Охрид има околу 53 обложувалници и казина, колку што нема образовни институции,вели тој,отворено раскажувајќи ја својата животна приказа, а ја посведочија и другите членови на здужението.Зборуваа за растурените семејни гнезда и цели семејства кои комарот ги завил во црно. Само оваа година по својот живот посегнаа двајца охриѓани.

-Се коцкав до скоро, трауми,секакви крајно е до помислување на одземње на сопствениот живот, не ти се живее повеќе ги сакаш овие околу тебе, мислиш на нив дека со тој чин ќе ги спасиш луѓево од себе си, вели Мирче Крстевски од здружение Кво Вадис

– На луѓето им е премногу достапно коцкањето дури и децата кои се малолетници,постари малолетници доаѓаат до степен да им дадат пари на постари врсници за да се обложуваат за нив, рече Крсте Пурцов- здружение Кво Вадис .

Со сегашниот предлог за измени во закон за игри на среќа се предлага само дислокација на казината и обложувалниците од учлиштата,што според правниците е премалку,и нема да придонесе да се спречи патолошкото коцкање.

-Овие луѓе не можат да се контролираат со 20 денари влог, овие цела плата ќе ја потрошат таму, целиот имот и нивниот личен и имот на семејството и друго семејство ќе пропадне.Целта на државата не треба да живеат сопствениците на тие трговски друштва на кои им даваат лиценца затоа што тие живеат на штета на овие луѓе, вели адвокатот Љупчо Наумоски.

Коцкањето во меѓународната класификација  е регистрино како болест, и додека остнататите држави само од опкружувањето како Србија и Храватска ,праваат регистри на лица кои се соочуваат со овој порок,влегувањето во казина е исклучиво со лични карти, и изјава дека се коцкаат во соптвено име, при што се евидентира нивниот влез и излез,кај нас државата не превзема ништо.Во собраниска процедура се влечат имени на законот со кои нема да се променат нешатата во општеството, коцкањето ќе го зема својот данок а инстуциите пасивни-стучната фела никој не ја анимира. На денешниот едукативен настан на охрискиот плоштад,иако поканети не се одзва нити еден од кандидатите за градоначалници и преставници на политичките партии.  

Росица Голабоска