Пропаѓа ветувањето на премиерот Заев кон оризо-производителите?

Дали предизборно се тактизира со оризопроизводителите од Кочанскиот регион?  Ваквото прашање се наметна откако на денешната  средба што се најавуваше за во Скопје, а ненадејно се случи во Кочани министерот за земјоделие и откупувачите не најдоа заедничко решение за оризовата арпа достигне цена од 25 денари по килограм. Министерот бил дециден дека не може производ што чини 18 денари, да се субвенционира со десет денари за извоз. Затоа од откупувачите побарал во наредните денови да дадат предлог кои ќе биде прифатлив и за двете страни. Единствено како опција што откупувачите во моментот ја понудиле било  да не се пресметува влажноста на зрното, ако е до 20%, иако и тоа ќе било на нивна штета. Според нив откупната цена може да биде 17 денари за килограм арпа од поситните сорти, до 20 денари за сан андреа и други покрупни сорти.  

Оризопроизводителите засега се воздржани. Даваат рок до понеделник. Велат ќе го почекаат владиниот предлог, па ќе одлучат какви мерки ќе преземат и дали ќе ги активираат протестите.

Пред два дена на средбата со премиерот Заев и министерот Хоџа им беше ветено дека нивното единствено барање за висината на цената е прифатено и ќе се бара модел со кој ќе се амортизира цената.  

Оризопроизводителите се надеваат дека овие преговори нема да бидат уште една предизборна манипулација како онаа во 2017 година кога за килограм оризова арпа им ветуваа по 25 денари. Подолг период кај оризопроизводителите врие. Изминатиот период оганизираа и неколку протести, а минатата недела најавија бојкот на изборите доколку и понатаму власта остане глува на нивните барања.  

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста