Вакцинална криза во Македонија, вакциналните пунктови без вакцини, здравствените власти „се крстат“ на донации

Фрижидерите за чување на вакцини речиси празни. Македонија ги чека донациите од соседите и датумот за 500.000 дози од кинески Синовак. Иако според најавите на здравствените власти овие вакцини требаше досега да бидат во земјава, и натаму не се знае кога ќе пристигнат. Руските вакцини остануваат под знак прашалник. 
Од Министерството за здравство не ни одговрија на прашањето со колку вакцини за аплицирање на прва доза располага Македонија. Единстевно се знае дека донацијата од Турција од 30 000 вакцини на Синовак  утре ќе биде дистрибуирана низ пунктовите за имунизација.

Во меѓувреме, темпото за вакцинирање е сведено на минимум. Речиси 14 дена дневно се боцкаат само по 1.500 граѓани со прва доза. Тука се поставува прашањето ако здравствените власти го држеа претходното темпо со вакцинирање на 15.000 граѓани дневно досега ќе беа имунизирани дополнителни 200.000 граѓани.

Многу македонски граѓани кои со месеци чекаа термин за вакцинирање во Македонија, се откажаа да се вакцинираат дома и  отпатуваа до Србија каде дополнително имаа шанса и да изберат вакцина. На пунктовите во Врање и Ниш секојдневно се вакцинираат десетици наши граѓани.

Денеска Европската медицинска агенција (ЕМА) излезе со најнова препорака дека земјите треба да ја избегнуваат вакцината АстраЗенека против Ковид-19 за оние над 60 години, од страв од ретка појава на згрутчување на крвта. Македонија таа препорака засега не ја следи, досега исклучиво оние постарите од 60 години се имунизираа  со оваа вакцина.

Според дневните билтени што ги објавуваат од МЗ, досега вакцина примиле над околу 256.000 граѓани, додека бројот на оние кои се заинтересирани за имунизација се искачи на 448. 501.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста