Унгарската владата ќе исплаќа персонален данок на доход, во просек од 1150 евра по семејство

Враќање на персоналниот данок на доход за семејства со деца објавија унгарските власти, во вредност од над една ипол милијарди евра на почетокот на следната година, ако економскиот раст достигне најмалку 5,5% оваа година. Ако  двајцата родители имаат работа, семејството може да добие поврат на ПДД до 4.600 евра пред 2022 година. Околу еден милион и сто илјади семејства или вкупно 1,5 милиони индивидуалци можат да ја искористат новата мерка на владата. Во просек, семејствата може да очекуваат да добијат 1.150 евра информираат унгарските владини советници.

Според министерството за финансии годинешниот буџет ќе биде со раст на БДП од 4,3 проценти а со новонајавената мерка економскиот раст би можело да достигне 5,5 проценти.

Унгарскиот премиер истакна дека ова е еднократна исплата – нема да биде редовна.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста