Се укинува полицискиот час,се враќаат ноќните забави, неограничен број на гости на свадбите

Враќање на животот во нормала.Од среда целосно се укинува полицискиот час, лимитот за гостите на свадби и веселби од 100 присутни повеќе не важи. По долга пауза се дозволуваат и организации на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица – ова се мерките кои Комисијата за заразни болести ги предложила, а биле усовени од владиниот кризен штаб. Новите мерки треба да го поминат и владиниот филтер. Експертите велат дека спласнувањето на ковид кривата го дозволува олабавувањето на мерките.

Според професорот Пановски колективниот имунитет кој го имаме преку природен пат но и со вакцините ни остава простор да живееме послободно.И покрај тоа, треба да останеме внимателни.

Олабавувањето на мерките следат откако вчера немаше ниту еден починат ковид-пациент, првпат по 9 месеци, а регистрирани беа само осум новозаразени од 3.068 тестирања.Инаку, веќе подолг период има драстично намалување на новодијагностицирани а многу мал е и бројот на хоспитализирани. Во моментот на болничко лекување има 99 пациенти.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста