Утре е денот „Д“ за оставки на владините функционери

Утре е денот „Д“ за оставки на владините функционери

Џафери е подготвен да седне во фотелјата на Ковачевски – како спикер на Собранието, веќе има утврден и прецизен роковник за преземањето на премиерската функција. Утре после 10 часот актуелниот премиер и целата Влада ќе бидат во оставка. Со ова ќе почнат да течат крајните рокови за составување на техничката Влада. Пред да поднесе оставка Џафери, ќе го овласти потпретседателот да претседава со наредните седници, и ќе го извести претседателот Пендаровски дека Владата е во оставка. Во петок откако ќе се констатираат оставките, се бира претседател на Собрание, а после 14 часот, шефот на државата ќе го додели мандатот за техничка Влада на Џафери. Идниот технички премиер ќе испрати писмо до сите пратеници за предлог имиња на министри, заменици и дополнителни замници.

Договоривме дека од утре настапуваат роковите за поднесување оставки и за отворање на пат за одржување на седница за констатирање на оставките, известување на претседателот на државата дека Владата е во оставка и со тоа на првата наредна седница која е закажана за 26 овој месец се отвораат постапките и процедурите – велат од Собрание.

Во сабота, ден пред седницата за избор на техничка влада, мандатарот треба да го поднесе до Собрание предлог предлог составот за техничка влада и нејзината програма.  На 28 јануари, ќе се бира техничка влада а потоа ќе се констатира престанок на мандат на пратеникот Талат Џафери. Со тоа ќе се отвори патот за нова седница за верификација на пратеникот којшто треба да дојде и за избор на заменици и дополнителни заменици министри. Составот на Владата треба да е целосен за да може да стапи во функција сто дена пред парламентарните избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста