Урбанистички хаос во Охрид

Повеќе од една деценија 100-тина семејства кои живеат во атрактивната населба Чекоштина не можам да ги евидентираат своите куќи, бидејќи населбата урбанистички не постои. Општината им ги зела парите за комуналии,дозволувајќи им да градат куќи на неурбанизирано подрачје,а кога дошло ред уредно да им бидат регистрирани живеалиштата,локалните власти дигале раменици.

Ванчо Огненов од граѓанското здружение Чекоштина Урбан раскажува дека на два пати за проблемот ја информирал и полиција,но попусто.Со имотниот лист во рака, шетал низ институциите обидувајќи се да го регистрира живеалиштето,за да му кажат дека според некои нивни прописи,тоа не можно.Истата мака ја делат и неговите соседи.

Заради непостоењето официјално населба во општината, не моежеме да ги регистрираме нашите живеалшта.Не можеме да добиеме лични карти во министерството за внатрешни работи и не тераат да го решиме проблемот секој индивидуално.Сега уште се водиме после неколку години живот таму се водиме на старите адреси, што всушност е и прекршок, изјави Ванчо Огненов-здружение на граѓани Чекоштина Урбан.

Урбанизацијата предвидува инфраструктурно уредување,а бидејќи населбата никаде не е впишана, тие немаат елементарни услови за живот:немаат пат, водовод, канализација, комунална хигиена и што уште не. И покрај тоа низ годините во населбата која се наоѓа на влезот во Охрид се изградени многу викенд куќи,кои сега се легализирани.

:Но и покрај тоа што по законот за легализација во рок од 5 години требаше да се реши уредувањето на градежното земјиште, бидејќи тоа е поскапо отколку да се гради онаму каде што постои готова инфраструктура,општината секогаш се определува да гради висококатници кои на градот му нанесуваат повеќе штета отколку корист, изјави Ванчо Огненов.

Добар дел од месното население се занимава со туризам,но туризмот не поднесува импровизации.

Изјава Станко Јовчески- здружение на граѓани Чекоштина Урбан: Се работи за исклучителен простор кој што во поранешна Југосалвија имаше после Хвар најмногу сочеви сати.Во овој момент на загадена животна средина сметам дека има потенцијали да се искористи со користење на фотоволтачини централи, идеален простор е.

Инаку обид за урбанизација на Чекоштина имало уште во 80-тите години,кога постоела иницијатива таму да се изградат куќи по теркот на селата во Шветска, кои спаѓаат во 50-те најубави села во Европа.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста