Уметниците едвај преживуваат, бараат да бидат дел од петтиот пакет мерки

УЕстрадните уметници бараат да бидат вклучени и во петтиот пакет мерки за полесно да го пребродат пустошот што позади себе го остави корона кризата. Иако најзасегнати, велат по десет месеци државата конечно се сети на нив, па пред новогодишните празници на сметка им легнаа две бруто минимални плати. Објаснуваат дека помошта  што ја добија  е доволна само да се платат давачките кон државата, но не и да се преживее.  

  Помош од државата за прв пат во овие десет месеци добивме пред Нова година на 29 или 30декември на сметките ни легнаа, две бруто минимални плати. Но сите не зедоа.ваква помош добија дел од музичарите кои се членови на Асоцијацијата на естрадни уметници, односно околу една третина од музичарите кои се занимаваат со музика„-изјави ЈОрданчо Тонев, музичар

Доведени до работ на егзистенцијата за да преживеат во овие тешки времиња  уметниците кои живеат само од музика се принудени музицирањето да го заменат со сешто  , па се случува виолинист да  доставува  брза пратка или гитарист да работи во кујна, објаснува Тонев.

   

 Може да зборувам за музичарите, веќе ја бараат својата егзистенција во други работи. Некој возе такси, друг е келнер, трет кувар. Секој се снаоѓа како знае и умее, борба за живот– изјави Јорданчо Тонев, музичар

Музичарите, актерите, фотографите и останатите вработени во свадбената индустрија се мегу најпогодените. Тие беа  и меѓу првите кои поради здравствените протоколи останаа без работа. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста