Турка ли власта политички попис по мерка на СДСМ и ДУИ?

Власта турка политички попис по мерка на СДСМ и ДУИ, без никаква методологија како би се одвивал, обвинуваат пратениците на опозицијата. Клучен проблем за одржувањето на пописот е немањето консензус меѓу политичките субјекти во државата. ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот, поради пандемијата, а како пример дадоа голем број држави низ светот. Велат предлог законот има и многу други недостатоци, како што е попишувањето на лица кои не се резиденти, чии податоци ќе се земаат од други лица, што досега не било пример во држава.

И покрај се власта останува на својот став, попис во април ќе имало. Тоа во изјава во Собранието го потврди и пратеничката на социјалдемократите Лидија Тасевска. Вели Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немало да успеат во намерата да го блокираат одржувањето на пописот.

Од опозицијата тврдат дека попис како што е предвиден со сегашниот предлог закон ќе биде без доверба кај граѓаните, и велат власта требала да покаже храброст и да ги прифати нивните амандмани, кои беа одбиени.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста