Тупанчески се „заплетка“: Тврди дека фактурата за сместување ја добил на 24 март пред да отпатува, а тогаш бил втор ден во Палермо

Министерот за правда Тупанчески е скаран со вистината. Сакајќи да се оправда за патувањето во Палермо тој вчера даде изјава во која, не само што призна дека авионскиот билет и ВИП влезницата биле на сметка на ФФМ, туку и датумите што ги даде дека го платил хотелот не се совпаѓаат.

Тој тврди дека фактурата за сместување ја добил на 24ти Март, или со негови зборови, пред патувањето и ден пред мечот, а била платена на 28-ми Март. Според порталот А1ОН, проблемот е што чартер летот на ФФМ кон Палермо, со кој летал министерот, бил на 22 март, два дена пред фактурата да стаса, а поминале 6 дена од полетувањето.

Ова значи дека фактурата, која инаку Тупанчевски не ја покажа, ја добил кога веќе бил сместен во Палермо, а ја платил откако скандалот веќе изби во јавноста.

Освен ова, несовпаѓање со датумите има и во неговите изјави кога платил. Тој вчера тврдеше дека платил на 28 март, а на тој ден во 8 изутрината гостуваше на утрински брифинг и тврдеше дека парите веќе се повлечени од сметка.

Од сето ова, очигледно е дека Министерот има проблем со вистината за патувањето во Палермо, каде беше заедно со обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Како што е познато, Тупнанчевски иако тврдеше дека самиот си ги платил трошоците за пат, како и дека е изненаден и шокиран од прозивката на комисијата за спречување корупција, но и дека не го прекршил етичкиот кодекс, во кој пак има ограничувања до која вредност и под кои услови функционерите може да примаат подароци.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста