12 ГОДИНИ „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЗДРАВСТВЕНА ГРИЖА ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ

Првата и најголема приватна клиничка болница во земјава „Аџибадем Систина“ одбележува 12 години постоење. Во моментов „Аџибадем Систина“ претставува регионален здравствен центар кој годишно обезбедува грижа и третман за повеќе од 400.000 пациенти од земјата и регионот преку сеопфатен пристап – прецизна дијагностика, современа хирургија, напредна медицинска и постболничка нега.

Како дел од најголемата групација болници во Југоисточна Европа „Аџибадем“ и дел од малезиската здравствена групација IHH, „Аџибадем Систина“ поставува високи стандарди во лекувањето и ги следи најновите трендови при имплементација на технологии и методи во медицинскиот третман.

Квалитетната континуирана и безбедна медицинска грижа е потврдена и со престижната Joint Commission International акредитацијата која ,,Аџибадем Систина“ за првпат ја доби во 2016 година, со што стана првата болница во земјата акредитирана по овие стандарди. Во 2019 година ,,Аџибадем Систина“ повторно го доби златниот печат и беше реакредитирана по JCI потврдувајќи дека болницата работи по светски стандарди.

Во текот на 2021 година ,,Аџибадем Систина“ стана дел и од Европската асоцијација за кардио-торакална хирургија (EACTS). Ова престижно членство е показател дека „Аџибадем Систина“ во сите области на своето работење е на рамниште со најголемите, современи болнички центри во светот. EACTS е центар во кој партиципираат болници за кои се смета дека работат најдобрите доктори во Европа, а ,,Аџибадем Систина“ е единствената болница од Западен Балкан која е дел EACTS.

 Од почетокот на ковид-пандемијата КБ „Аџибадем Систина“ беше поддршка на здравствениот систем со третман и грижа за ковид-пациенти и согласно потребите во болницата се отвораа и прошируваа капацитетите за згрижување на пациентите. Во 2021 година, официјално „Аџибадем Систина“ го отвори и Инфективниот оддел кој е единствен приватен инфективен оддел во земјата со најголем капацитет и искусен тим на инфектолози. На одделот кој функционира со дневна болница и интензивен болнички дел со примена на современо дијагностичко-терапевтски процедури по протоколите за третман на ковид-пациенти на СЗО од почетокот на пандемијата, досега се излекувани 6.500 пациенти.

Неодамна во болницата се отвори и педијатрискиот ковид-центар, кој е целосно одделен од другите оддели на болницата со цел да се обезбеди максимална заштита за најмалите пациенти. На овој оддел се третираат деца на возраст до 16 години, а располага со педијатриска ковид-амбуланта, дневна болница и дел наменет за хоспитализација, каде што децата може да бидат хоспитализирани заедно со придружба.

 Дел од новитетите во болницата е и дефинирањето на Центарот за перфекција во „Аџибадем Систина“ кој нуди можност за изведување на секаков вид дерматолошки и естетски процедури од страна на врвен и искусен тим од дерматовенеролози, пластични и реконструктивни хирурзи. Во рамки на Центарот функционира Одделот за дерматовенерологија и естетска дерматологија, кој располага со дерматолошки амбуланти, три соби за ласерски третмани и кабинет за дерматоскопија, а во склоп на центарот е и Одделот за естетска пластична и реконструктивна хирургија.

Проширувањето на болничките капацитети и отворањето нови оддели е придружено и со зголемување на кадарот на болницата, која во моментот брои 1.100 вработени од кои 200 се реномирани, врвни доктори и професори и 400 медицински сестри.

Стручниот медицински персонал, најсовремените медицински практики и опремата што ја поседува болницата, многупати ја прават „Аџибадем Систина“ пионер во изведувањето на одредени интервенции, медицински достигнувања и иновативни процедури.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста