Труење со вода во неколку тетовски села,се прават анализи и се препорачува да се пие флаширана вода

Десетици жители од неколку села во тетовско побарале помош на инфективното одделение во Тетово.Се жалеле на стомачен вирус со повраќање, дијареа, болки во стомакот.Најголем дел се од Брвеница.Првично главна причина за труењето се претпоставува дека е водата за пиење.Од комуналното претпријатие велат дека деновиве имале некој поголем дефект на водоводниот систем, па веројатно тоа е причината.

Имавме дефект,прилично голем, хаварија на една пумпа која многу чини, и ние 3-4 дена се бориме со тоа , за мештаните да имаат вода.Најнискиот дел на селото, мирувало тоа 2-3 дена додека немале вода, па можеби е топла вода, па од тоа нешто да не е…рече Мирослав Андриевски- Комунално претпријатие –Брвеница.

Брвенчани велат дека слушнале за масовното труење,па од претпазливост вода за пиење купуваат.

Бројот на лица кои се жалат на стомачен вирус не се знае точно колкав е,оти некои побарале помош во приватни клиники  или се лечеле дома.Потешки случаи на инфективното нема примени.Сите биле прегледани, и со терапија пуштени на домашно лекување.Од Центарот за јавно здравје апелираат водата да не се користи за пиење додека не се добијат резултатите од анализите. Инаку, стомачни вируси, предизвикани од вода деновиве се забележани и во други населени места, не само во тетовско, туку и во гостиварско.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста