Филипче оптимист за крај на пандемијата, светот пак ги враќа рестрикциите поради индискиот сој

Пандемијата може да заврши во август – ама само за министерот Филипче. Додека низ светот се враќаат повторно рестрикциите Филипче се надева дека ако 28 дена по ред да немаме ниту еден новозаразен. Тое според него е главниот услов да се прогласи крај на пандемијата.

„За да се прогласи крај на една пандемија, треба два циклуси од 14 денови, да нема дијагностицирани случаи и има некои предвидувања кога тоа би можело да се случи кај нас“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на дебата.

Според епидемиолозите ова сценарио е нереално.Тие предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши наесен. Професорот Драган Даниловски алармира дека 95 проценти од заразените со делта сојот во Израел и Велика Британија се невакцинирани, или пак имаат примено само една доза. Но она што загрижува, е што ниту вакцинираните со две дози не се целосно заштитени од индискиот сој.

„Ние практично вирус немаме во циркулација. Индискиот вид е сосема друга приказна. Нема да не избегне и овој вид на вирусот. Делта варијантата е продорна и потребен е колективен имунитет од 85 отсто.“ – вели професорот Драган Даниловски.

Иако сега имаме голема количина на вакцини, Македонија е далеку од постигнување на колективен имунитет вели професорот Петличковски.

Во однос на тоа дали треба да се вакцинираат младите лица, Петличковски кажа дека здравствените власти имаат други приоритети, но смета дека е исправно вакцинирањето на децата, бидејќи во спротивно се остава празен простор каде вирусот би се раширил.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста