Трипуновски: „Зелена нафта“ е уште еден пропаднат проект на оваа власт

„Проектот „Зелена нафта“ за земјоделците е уште еден пропаднат проект на оваа власт. Министерството за земјоделство на еден подмолен начин ја измени Програмата и од предвидените 280 милиони денари кои беа предвидени за оваа година, одзеде 100 милиони денари и ги стави во ставката „исплата на заостанати субвенции“. Тоа значи дека т.н. мерка „зелена нафта“ доживеа колабс. Ова што се случува во моментов е чист популизам и купување гласови пред избори, а земјоделецот ќе остане без решени проблеми“, изјави за Алфа, техничкиот министер за земјоделство Цветан Трипуновски, кој денеска имаше средби со земјоделци од неколку населени места во крушевскиот регион.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста