Д-р Синиша Стојаноски: Во справувањето со корона вирусот се пристапи со микс од политика и здравство

Во ситуацијата со справување со последиците од корона вирусот се пристапи со еден микс од политика и здравство. На пример Дебар беше позитивен пример, зошто тоа не се применуваше во другите градови како Куманово, Штип, рече доктор Синиша Стојаноски, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

Тој посочи дека мора да знаеме дека капацитетите на здравството не се неограничени.

-Релативизирањето на состојбата дали постои вирусот ќе не доведе во лоша ситуација. На колегите им треба концентарција кога работат. Затоа доаѓаат на помош во Скопје медицински лица од здравствени институции во другите градови, рече Стојаноски.

Тој посоли дека би влегле во област на шпекулирање ако се оди со бројки.

-Не можеме да одиме со бројки колку би биле најтешките болни во колкава бројка. Тешко е да се помогне во поодмината фаза затоа треба навреме да се детектира болеста. Ако во еден ден добиете многу пациенти кои бараат интензивно лекување тогаш се соочувате со состојба да не моѓете како персонал да стигнете, рече Стојаноски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста