Три родилки заразени во Гинекологија Чаир, 18 здравствени работници во изолација

Три заразени родилки и вкупно 18 медицински работници  од Гинекологија во Чаир се веќе десетина дена се  во самоизолација.  Според информациите кои ги има Алфа, позитивни на вирусот се 7 сестри, двајца анестезиолози, 1 гинеколог и две чистачки. Но за ова нема потврда ниту од директорот на болницата „Мајка Тереза“ , Башким Исмаили, ниту од министерот Филипчче.

Нејасно е зошто за овој случај министерот Венко Филипче молчеше. На прашање на Алфа зошто не се објавило ништо околу ова уште на стартот, министерот кажа дека згрешиле и се извини.

  • Во однос на информацијата дозволете да проверам, мислам дека би требало да биде соопштена, може да е и наш пропуст, зборувам за билницата во Чаир,  рече Венко Филипче.

Родилките криеле дека  имале контакт со позитивен на КОВИД-19, а потоа се докажало дека и тие имаат коронавирус. Нивните лажни изјави ги однеле медицинските лица во изолација.

  •   Има практично луѓе во изолација во болницата во Чаир,за жал ќе повторам, од пациентки кои не кажувале дека имале контакт со заразен во рамките на семејството. Има 18 лица кои се во самоизолација  вели Венко Филипче.

Во моментов Скопската специјална болница за гинекологија во Чаир работи со намален број на медицински кадар .

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста