Трета жртва од корона во Македонија, Скопје стана главно жариште, променет поличиски час за викендов

Коронавирусот ја зема третата жртва во Македонија. Почина пациентката од Дебар која подолго време беше на респираторна машина.

-Денеска имаме уште една почината пациентка заболена од коронавирусот. Тоа е пациентката која подолго време беше на респираторна машина. Пациентката од Дебар и покрај сите напори на лекарите, медицинските сестри, интензивната терапија, за жал таа почина денеска пред неколку часа, изјави Венко Филипче.

Скопје стана главно жариште на Ковид 19 во Македонија, од вкупно 177 заразени, 108 се од главниот град на Македонија. Во текот на минатите 24 часа во целата земја има 29 ново заразени. 20 од нив се од Скопје, по три лица има од Куманово и Велес, двајца се од Прилеп и еден од Дебар.

Токму Куманово е еден од градовите каде што има голем пораст на бројот на заразени во последниве денови. Таму моментално има вкупно 11 заразени од коронавирусот. Ваквите бројки доведоа до применување на зајакнати мерки на претпазливост во овој град, односно еден вид на карантин за целиот кумановски регион. Викендов ќе има и промена на полицискиот час, тој наместо од 21 ќе започнува од 16 часот.

-Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!, информираат од Владата

Покрај Скопје каде бројот на заразени надмина 100 и Куманово каде последниве два дена рапидно за зголемува бројот на заразени, третото жариште на Ковид 19 во земјава е Дебар со денешниот еден случај, сега има 41 заразен.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста