Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски во самоизолација

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски и неговото семејство во домашна изолација. Неговата сопруга која е медицинско лице вршела преглед на дел од заболените од корна вирусот кои се појавија токму во овој град. Од советот на општината за Алфа велат дека градоначалникот не оди на работа, а најверојатно се земени брисеви од него и неговата сопруга за да се тестираат дали имаат Ковид 19. Според последните резултати засега во Велес има тројца кои се позитивни на вирусот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста