Аларм за лоши услови во карантинот Михајлово кај Кавадарци

40 –тина македонски државјани кои во земјава стигнале од Истанбул од вчера се затворени во државен карантин во одморалиштето Михајлово близу Кавадарци. Во телефонски разговор за Алфа се жалат на лошите услови во објектот, каде велат нема ниту греење, ниту средства за лична хигиена. Меѓу нив имало и повозрасни лица на кои им била потребна медицинска нега. Револтирани се од односот на полициските службеници за кои велат оти биле дрски и агресивни. Не се против одлуката да бидат во карантин, но бараат надлежните да им обезбедат нормални услови за живот во следните 15 дена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста