Трагедија во Велес, едно лице загина во пожар

Трагедија во Велес, каде рано изутрината до темел изгоре куќа во стариот дел на градот наречен Варналиите. Во несреќата настрадал и сопственикот, 80 годишниот Миле Паунов, чие тело, според информации од полицијата, се уште е под остатоците од опожарениот објект. Причините за пожарот се уште не се познати, но неофицијално тој настанал од запалена печка на која се греел старецот.

Куќата е дел од заштитен појас на градби . Од пожарот оштетена била и соседната куќа.

Во акцијата за гаснење на пламените јазици учествувале 40-тина пожарникари од Велес, Скопје и Кавадарци. Соседите раскажуваат дека пожарот брзо се проширил оти теренот бил тешко достапен за противпожарните возила, па пожарникарите имале проблем да интервенираат навреме.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста