„Тортура“: Политички реваншизам бил причина за јавното апсење на Љубе Бошкоски
Политички реваншизам – ова бил мотивот за начинот на кој што беше уапсен Љубе Бошкоски тврди Обвинителството во завршните зборови за случајот „Тортура“. Имало мачење при апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011-тата година, еден ден по тогашните парламентарни избори. Бошкоски не давал отпор, а била употребена полициска сила, бил легнат наземи, го снимале телевизиски камери и сето тоа предизвикало психичко страдање – тврди обивинителството.
Комплекснота на кривично правниот настан во својата суштина опфаќа повеќе дејствија – од првичната непотребна употреба на прекумерна сила, легнување на земја, малтретирање, понижување и омаловажување пред камера, но и свесното и интензивно прикажување на оваа постапка пред широк аудиторим, а со јасна и директна намера на комплетно и апсолутно лично и политичко уништување на политичкиот противник, жртвата во јавност, рече Лапе.
Видео снимката на МВР од апсењето на Бошковски, за обвинителот Лапе е потврда за делата за кои се товарат обвинетите. Адвокатите на обвинетите апсењето на Бошковски е чисто изведена полициска акција.
И во овој случај, прво обвинет е екс-директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој се товари за кривичното дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ .
Викторија Миткова