Тетовската клиничка болница под притисок од напливот на заразени,се отвораат нови оддели, но треба кадар

Тетовската клиничка болница едвај го издржува притисокот од зголемениот број пациенти со ковид 19 кои имаат потреба од болничко лекување. Инфективното, два ката од интерното одделение и  дел од специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, се полни со пациенти. Се подготвува и дел од педијатрија,ако се зголеми бројот на заразени,но ќе треба и медицински кадар.Сите заразени се со потешка слика и се на кислородна поддршка,што бара вклученост на повеќе специјалисти.

-Болеста не е само од инфективен аспект, туку мултидисциплинска.Тоа малку отежнува,оти кај секој пациент ќе ни треба 3-4 специјалисти да се консултираат, да даваат мислење..не е лесно, така што не сме во комфортна ситуација, но се снаоѓаме…Имаат проблеми со срце, некој со операции, бај пас, тие треба и кардиолошки да се опсервираат,замислете имаат инфективна болест и кардилошка и што прво да правиме?, изјави Д-р ГЗИМ НУРЕДИНИ координатор на Ковид центар Тетово

Изминативе 2-3 недели Тетово секојдневно брои високи двоцифрени бројки на заразени,но и голем број на починати.Вирусот забрзано се шири и тоа кај сите генерации.Состојбата е алармантна, но, опуштеноста и натаму присутна, како кај дел од граѓаните, така и кај локалните власти,кои повторно не се достапни за медиумите.Состаноците на кризните штабови се затворени, а градоначалничката од почетокот на пандемијата речиси и да не излегла на терен.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста