Надзорна расправа за случајот „Еуростандард“ банка, сопсвеникот обвини за организиран криминал

Серија обвинувања за сторен организиран криминал на денешната расправа во Собранието за причините кои довеле до стечај на Еуростадард банка. Како сведоци беа повикани гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и сопственикот Трифун Костовски кои одговараа на прашањата на пратениците.

Контроверзниот случај добива нови димензии по јавно обелоденетите информации од страна на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој ја праша гувернерката дали знаела за милионски долг на дури 29 струмички фирми кои не ги плаќале кредитите. Дел од нив, биле сопственост и на семејството Заеви.

  • 29 фирми кои се блиски до семејството Заеви, меѓу која и фирмата “Сара инженеринг” која е фирма на Вице Заев, “Глобал Медиа Груп”, како и “Тритерол”, бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник, со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка. Овие 29 фирми блиски до Заеви, меѓу кои и фирмите кои се во нивен посед, оствариле добивка од Еуростандард банка 12.800.000 евра поради нeплаќањето на кредитите, на штeта на штедачите кои имале средства во Еуростандард банка, рече Милошоски.

Гувернерката не одговори конкретно на прашањата на Милошоски. Таа зборуваше за причините за одземањето на дозволата за работа на банката, која била соочена со несолвентност.

  • Одземањето на дозвола за работа на банка е една од најтешките одлуки за секоја централна банка. Пред да се посегне кон ваква одлука се вложуваат максимални напори за изнаоѓање поповолно решение. Но, од друга страна, централните банки не смеат да дозволат банка да работи спротивно на законските прописи доведувајки ја во прашање стабилноста на финансиски систем, рече Ангелоска Бежоска во своето обраќање пред комисијата.

Таа посочи дека поради преземање на повисоко ниво на ризик во работењето, банката во подолг период беше под засилен супериворски надзор.

  • Со дел од мерките баравме уплата на дополнителен капитал, поаѓајќи од правилото дека поголемиот ризик, бара и поголем капитал за покривање на евентуални загуби. Банката и сопствениците покажуваа одредена респонзивност на изречените мерки, но за жал не доволна, рече гувернерката.

Мнозинскиот акционер во банката, бизнисменот Трифун Костовски, обвини дека се работи за организиран криминал.

Тој нагласи дека и претходно состојбата на банката била десет пати полоша отколку во моментот кога е донесена одлука за стечај, како и дека одлуката е донесена без функционално Собрание како највисоко тело кое ја контролира работата на Народната банка и без формирана Влада.

  • Се работи за големи пари и за голем криминал. Парите, како и полжавот, имаат трага. Со стечајот, парите се обидуваат да се скријат. Ако сакате сите заедно да учествувате во тој криминал, повелете. Како членови на Управниот одбор бевме излажани затоа што на чело имавме човек што ни кафе не пие, што го сметавме без ниту една дамка, но тоа не било така, изјави Костовски.

Освен Костовски, и Бежовска, присутен беше и јавниот обвинител Љубомир Јовевски. На седницата да сведочат беа поканети и Зоран Заев, Нина Ангеловска, како и членовите на техничката влада заедно со техничкиот премиер, но ниту еден од нив не се појави.  По завршувањето на надзорната расправа, Комисијата за финасирање и буџет ќе треба да изготви извештај со заклучоци.

Инаку, Еуростандард банка замина во стечај во август поради неконтролираното преземање ризик за кредитирање и давањето на кредити кои не се враќале на време. Над 70% од клиентите со заштеди до 30.000 евра ги подигнаа заробените пари, додека останатите 780 депоненти кои имаат поголем износ, остатокот ќе треба да си го бараат од стечајната маса.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста