Затворањето на скијачките центри скапо ќе ги чини за нивниот развој и економијата

Разочарување и бурни рекации предизвика најавата дека поради пандемијата, зимските скијачки центри годинава ќе останат затворени.Здруженијата велат дека ова е намерна одлука на Владата,за и годинава сезоната да помине без одговорност на надлежните за упропастувањето на зимските центри,наспроти нивните постојани ветувања дека нешто ќе се инвестира.За Попова Шапка ова ќе биде втора сезона без скијање,што дополнително е удар за центарот, развојот, туризмот.

– Ако може да функционира во Србија Копаоник или во Бугарија банско,зошто не и кај нас.Тоа е една оправданост, за да не работи, бидејќи не се спремни, бидејќи ски жичара од 10 милиони евра не е во функција, поради технички проблем.Затоа ќе ја искористат оваа можност за да не проработи ски центарот, изјави Хамди Сулејмани од иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка”

Туризмот и економијата пак,едвај ги чекаат овие сезони.Одлуката да не проработат скијачките центри, ќе има негативен ефект, сметаат професорите по туризам,кои патем апелираат државата сериозно да се заангажира за нивен развој,но не само на хартија.

-Веќе кога се работи за проекти, да биде реално, не само на хартија да остануваат и да немаме ништо..Ние секоја година ги губиме се повеќе туристите.Имаме потенцијали и повеќе, но назад сме и со инфраструктура и се..не е само зимскиот туризам,кај нас може да се развива и алпинизмот, руралниот туризам и.т.н., вели Арта Кадриу професор по туризам на ДУТ

Огромниот потенцијал на Попова Шапка, останува неискористен.Со застарени сместувачки капацитети , проблеми со инфраструктура, недоволно одржување на стазите,зимскиот центар кој во минатото привлекуваше бројни туристи и врвни скијачки имиња, последниве години го губи сјајот. Веќе со години не се одржува ниту традиционалниот Шарпланински куп- кој важеше за еден од најстарите меѓународни натпреварувања на Балканот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста