Тетово стана најзадолжена општина во државата,за експертите причина е недомаќинското работење, тетовци разочарани

Општина Тетово знае да биде и на врвот,но, неславно.Овој пат се најде прва на листата најзадолжени локални самоуправи во државата, со долгови од близу 8 милиони евра.За експертите, ова се должи исклучиво на недомаќинското работење , но и превработеноста во администрацијата. Но,локалните власти многу и не се грижат,оти општината со години е фаворизирана и помагана финансиски од сегашната власт и СДСМ на чело со Зоран Заев,смета поранешниот министер за финансии,Џевдет Хајредини.

-Тетово има во општинската администрација повеќе вработени од Куманово, Гостивар, Битола и Велес заедно.И сето тоа се толерира, и плус долговите на општината се плаќаат со дотација од централниот буџет.Ова е претерано и договорноста е исклучливо на Владата и премиерот Заев.Зошто така ја третира, од кои причини, само тие знаат, изјави Џевдет Хајредини- поранешен министер за финансии на РМ

На толку долгови, барем Тетово да одеше напред, коментираат граѓаните.Не се задоволни од животот во градот, нема инвестиции, ниту перспектива,оти велат, властите гледаат да има само за нив.

Побаравме одговор од локалните власти.Колкав долг наследила градоначалничката Теута Арифи при доаѓањето на функцијата, колку дополнително направила, и колку точно во моментов должи општината. Добивме само штуро соопштение, во кое очекувавме конкретни одговори и бројки,а добивме фалби дека граделе успешна  приказна на реализација на капитални проекти,дури и во време на пандемија и економска криза.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста