Затвореник во Штипскиот затвор заразен со коронавирус

Осуденик во штипскиот затвор е позитивен на Корона вирусот. Првите симптоми осуденикот ги развил во петокот, по што веднаш бил изолиран во претходно утврдена просторија. Викендов цело време бил под опсервација на лекар. Во понеделникот е тестиран, а откако сношти Управата ги добила позитивните резултати, му се извршени прегледи на Инфективното одделение во штипската болница. Посочени се 17контакти,од кои 11осуденици и шестмина вработени. Штипските епидемиолози утврдуваат колку од нив ќе останат во изолација.
– Минатата недела имавме случај на вработен заболен со Ковид. Претпоставуваме дека осуденикот најверојатно се инфицирал од вработениот. Сепак надлежните овие наоди треба дополнително да ги проверат-изјави директорот на КПД-Штип, Мики Тодоров.
Неговата здравствена состојба е стабилна и тој повторно е вратен во затворот.
Во штипскиот затвор ова е прв случај на инфициран осуденик. До сега од почетокот на пандемијата позитицни на вирусот се шестмина вработени.
Александра Ристеска