Тетовци мака мачат со водоснабдувањето

Шар планина изобилува со извори, а Тетово покрај тоа и двата водоводи што ги користи, едвај се снабдува со доволно вода.

Периодов издашноста на изворите од околу 300 литри вода во секунда е на долната граница. Засега нема рестрикции,но прекини во водоснабдувањето секојдневно- поради честите дефекти на старата и дотраена водоводна мрежа.

Без реконструкција на водоводната мрежа и изградба на акумулации, водоснабдувањето и натаму ќе биде проблем за Тетово, особено за горните делови, каде чешмите останувале суви и по цели денови.

Рестрикции засега нема. Ќе бидат воведени, ако издашноста на изворите падне под 300 литри вода во секунда.

Најкритичен е летниот период кога енормно се зголемува потрошувачката на вода. Но, дали ќе ја има доволно ќе зависи од пролетните дождови, оти снегот зимава го немаше доволно на планините.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста