Температури до -16 степени, утре повторно студено до -12 во Скопје

Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 0 степени.

Од утре следува период на стабилно и многу студено време со потпросечни температури за овој период и со умерен до засилен северен ветер. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под – 10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста