Текстилците предупредуваат дека се пред сериозен удар

Текстилните компании од Истокот на Македонија стравуваат од дополнителни загуби. Четвртиот пакет економијата мерки се носи во Собранието, но предупредуваат дека тој ќе биде задоцнет со оглед на се она што се случува на терен.  Состојбата од ден на ден се менува и никој не може да прогнозира што ќе следи понатаму, коментираат од Текстилниот кластер. Ваквата ситуација не оди во прилог ниту на фирмите, ниту на работниците.  

 „Треба секогаш кога се донесуваат одредени законски одредби, треба сите да бидеме свесни што значи нивното задоцнување.економијата, стопанството не е играчка ……. и секое задоцнување на одредена помош нема да ги даде очекуваните резултати„ – изјави Маријана Перковска, преседател на Текстилниот кластер..

   Уште еден удар врз македонскиот текстил ќе предизвика и воведувањето на едномесечениот карантин во Германија, од каде што се и најголемите бизнис партнери на македонските конфекционери.  Алтернативите како онлајн продажба се мала утеха оти се очекува намалување на порачките.

 „ Во моментот е проблем што треба да се задржат работниците и не смеат да се затворат капацитетите. Ова ќе помине, а ако тоа се случи ќе нема кој да продолжи понатаму„-Маријана Перковска-претседател на Текстилниот кластер

Во четвртиот пакет мерки е предвидена  помош за исплата на плати и тоа за сите компании кои прикажале загуба во работењето од април до август годинава. Сумите ќе се распоредуваат скалесто. Компаниите кои во меѓувреме отпуштиле работници ќе треба да ги вратат на работа пред да аплицираат за мерките. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста