Такси превозот во Штип пред колапс

Стотици такси превозници се соочат со финансиски загуби предизвикани од пандемијата на корона вирусот. Најсилниот удар го очекуваат во септември, кога голем дел од нив нема да може да ги подмират августовските плати.

Загуби трпи и семејниот бизнис, такси компанија на Горги Василев. Од вкупно триесетина вработени, сега има одвај десетина, мегу кои и неговите сопруга и син..

  • Тешко!!Придонесите ги плаќаме, ама платите…почекат малку.И вработените сами гледаат. Не е едноставно.Речиси кај сите е исто. За 50%ми е намалена работата. Јас имав многу возила, а сега имам само три-четири„- изјави Василев.

Обемот на работа кај такси превозниците изминатите пет месеци е намален за 70%, што придонесе околу 150 до 200такси возила во Штип  поради корона кризата привремено се паркирани. Со стопирањето на мерката исплата на минимална плата, постои опасност голем дел од нив и да стават клуч на врата и вработените да ги испрата дома, велат од Здружението на такси превозници во Штип.

  • Алелирам и до државата и до наредната Влада ако не помогне барем со исплата на минималната плата да ги задржиме луѓето. Ќе мора нешто да се воведе , да се вратат барем субвенциите за платите. Инаку ако и тоа не се врати за жал може да ви кажам дека сигурно 70%од вработените во овој сектор, во овој бизнис ќе останат дома„-изјави Глигор Арсов,Здружение на таксисти-2003-Штип

Истражувањата на економскиот факултет во Штип направени од април до мај годинава покажуваат дека корона кризата е причина за 34%од компаниите ја намалат платата, а речиси 60%од нив ги намалат и вкупните приходи.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста