Св. Јован традиционално одбележан во Охрид

Со охридска страогратска песна, пача и рибна чорба на градскиот плоштад денеска се прославуваше. Ден по големиот христијански празник Богојавление Водици, Охрид традиционално го прославува денот на рибарите. Во казан од три тони, од охридското средно угостителско училиште,,Ванчо Питошески”подготвуваа рибна чорба, доволно за да ја вкусат 5.000 посетители на манифестацијата. Мајсторски,од 400 кг риба ,се направи тон и пол рибна чорба.

Рибата е лосос како и секоја година, тука дилема нема.Со пастрмка не може, кој што може нека ја прави,ние со лосос затоа што пастрмката е многу нежна а ја мешаме со весло и не може да биде добра чорбата.Да, за жал и ја нема охридската пастрмка. – изјави проф.Блаже Јорданоски

Охридска рибна чорба без пастрмка не ја бидува-велат старите охриѓани, но на овој ден,секој ќе касне.Поради истребувањето на ендемичните видови риба, за разлика од едни дамнешни времиња,пастрмка сега нема ни за лек, а не пак за чорба.

Риба имаше колку сакаш, ама имаше почитување на законот за риболов, се знаеше кога беше забрана не требаше чувар, самиот народ го чуваше езерото.Сега како е, па повеќе има рибократци од риба.Секој чувар треба да е рибочувар кој ќе го штити прродното богатство и контролирано да се врши ловење на рибата, а не кој акко ќе фтаса. – вели жител од Охрид.

На плштадот настапуваше Миле Кузманоски, а за да “лизга“ песната, се точеше греана ракија и вино.Охриѓани се испотепаа,со тенџериња в раце чекаа ред за чорба.

Со симболично капење во езерските води се одбележа пуштањето на ловот на пастрмката. Овој ритуал, рибарите го почитуваат и со воодушевување го чекаат, бидејќи скокаат од својата најрана воздраст. Најголемата риба уловена во водите на Охридското езеро на 12 јануари 1971 година, била тешка  22 кг.За старите еснафски семејства, ова е вистинско доживување.

 Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста