Стружани пијат небезбедна вода – бараат надлежните конечно да го решат проблемот

Стружани пијат небезбедна вода – бараат надлежните конечно да го решат проблемот

Водата од градскиот водовод во Струга е матна, полна со песок и нечистории, надлежните да не чекаат народот да се труе, туку да испитаат што се случува- стружани револтирани ги преплавија социјалните мрежи, тврдат дека она што деновиве тече од чешмите е далеку од бистра вода. Од Центарот за јавно здравје велат дека в понеделник повторно ќе направат анализи и ќе го испитаат квалитетот на водата.

Но,трпението кај стружани попушта со години и при најмали врнежи од дожд, водата не смеат да ја користат за пиење се додека не се стабилизира матноста.Згора на се’ поради чести дефекти на водоводна мрежа, нема ден а да не останат по неколку часа без вода. Трагедија е во 21 век да немате чиста вода за извршување на елементарните човекови потреби.Водата не е стока за широка потрошувачка, туку основно човеково право,не е ли срамота да молиме за вода која патем ја плаќаме скапо! –пишуваат стружани на социјалните мрежи.Неретко,посебно во есен и зима со денови анализите на Центарот за јавно здравје говорат дека матноста на водата за пиење е со повеќекратно зголемени вредности на параметрите од законски пропишаното.

 Олку долго да еден ист проблем тлее и постојано се провлекува со години наназад јас сум само 20 и кусур годни овде,истото го зборуваме секоја година,алармираме , апелираме.Таа матна вода може да содржи и патогени микроорганизми, може да содржи и хемиски токсични материи кои што можат да бидат опасни по здравјето на луѓето”-вели Сашо Точков,директор на Центар за јавно здравје

Матната вода преку водоводните цевки се дистрибуира до корисниците,таа е здравствено небезбедна прво заради тоа што матноста доаѓа од земјата, од самото дно и подлога од која се направени каптажите кај самите извориштата-објаснува Точков.

Мислам дека најдовме каде ни е пречката,поточно кај 5-тата каптажа на хидроелектраните заради тоа ние контактиравме со компанијата што менаџира со тие електрани и имаме закажано состанок за да се реши тој проблем”-вели Дашмир Насуфи,директор на Ј.П.” Водовод” Струга

Додека не седнеме на задничка маса со оние кои стопанисуваат со електраните, 5-тата каптажа е затворена, вели директорот на струшки Водовод кој уверува дека ќе го решеле проблемот со поставување на филтри,без да прецизира кога.Остануваат препораките на надлежните граѓаните да бидат претпазливи и доколку видат и најмало заматување, да не ја пијат водата од гратскиот водовод.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста