Стојков: Срамна и нечесна е изјавата на Јотова

Македонците во Бугарија се револтирани по изјавите на потпретседателката Илијана Јотова среде Охрид која и покрај 16 те пресуди на Судот за човекови права во Стразбург и бројните извештаи на Стејт Депармтментот на САД, продолжува да го негира постоењето на Македонци во Бугарија. Првиот човек на ОМО Илинден Пири, организацијата на македонците во Бугарија смета дека ставовите на Јотова се срамни.

Македонците во Бугарија се разочарани и од потезите на македонските власти. Стојков реагира дека за разлика од Бугарија, која отвори два културни центра во Македонија, во Бугарија има само еден- македонскиот културен центар, кој последниве години постои само формално. Вината за ова Стојков ја лоцира во сервилноста на Македонската влада и стравот од бугарското вето.

За наводното незнаење на Јотова за постоењето на Македонци во Бугарија, реакција имаше уште вчера од семакедонскиот собор по повод 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански. Стотина македонци кои се собраа во Мелник за да му оддадат почит на Сандански и порачаа на бугарската потпретседателка да дојде во Мелник и самата да се увери во постоењето на она што таа и бугарската држава со децении го негира.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста