СОНК го одби предлогот на Владата, штрајкот продолжува

Над 95 проценти од синдикалните организации изгласале продолжување на генералниот штрајк во образовниот процес. И од утре наставата за учениците и згрижувањето на децата во градинките ќе биде во прекин. Членовите на СОНК одлучиле да не го  прифатат предлогот на владата платата да се покачи за 10 проценти и остануваат во штрајк до целосното исполнување на нивните барањата.    Членовите на СОНК реагираат на несериозниот пристап на надлежните коишто скоро 2 месеца преговараат со претставници на СОНК, а реално не даваат никаков конкретен предлог на доставените писмени барања од страна на СОНК.

  • Членовите на СОНК констатираат дека ваквиот пристап од страна на Владата не води во правец на брзо решавање на проблемот и прекинување на штрајкот. Членовите на СОНК констатираат дека ваквиот пристап од страна на Владата не води во правец на брзо решавање на проблемот и прекинување на штрајкот рече Јаким Неделков – претседател на СОНК.

Дека е можен договор без да се добие покачувањето од 18,4 проценти Неделков не е уверен, но се зависи од тоа како ќе течат преговорите и дали  надлежните се подготвени да ги  прифатат и другите барања меѓу кои и склучување нови колективни договори за кои воопшто не било дискутирано. 10-те проценти кои беа владин предлог во никој случај не се прифатливи за наставниците бидејќи не одговара на висината на зголемувањето на минималната плата.  Според членовите на СОНК покачување од само 10 отсто не е соодветна стимулација за враќање на достоинството на професијата. 

  • Членовите на СОНК изразуваат големо жалење за сите непријатности коишто ги имаат родителите заради штрајкот на СОНК  и од таа причина уште еднаш упатува големо извинување до нив вели Неделков.

Неделков ги отфрли сите тврдења дека штрајкот има политичка позадина. Не гледаат повод за скратување на дневници од априлската плата за време на одржување на штрајкот бидејќи причината за него се неисполнетите ветувања на надлежните.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста