„Стејт департмент“: Перцепцијата за корупцијата во Македонија е најголема во регионот

Државата тоне во проблеми и корупција, но власта лажно ги прикажува розевите агли на извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата во Македонија – дециден е лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски објаснувајќи ги подробно точките во извештајот. Според него дел од медиумите блиски до власта нашле поблаги форми да ја прикажат подобрата страна за состојбите, која била спротивна од тешкиот живот на секој граѓанин.

Законите за борба против корупцијата се слаби и селективно насочени – тврди Мицкоски. Во извештајот имало веродостојни обвинувања за корупција при спроведувањето на законите, судството и многу други сектори.

Во извештајот на Стејт Департментот стои дека „многу бизниси кои работат, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според извештајот за деловно работење на Светска Банка, Македонија е на 78то место во светот за започнување бизнис.

Стејт департмент укажува на, цитирам “бизнисите отпуштаа вработени”, “државата назадува 31 место на Дуинг бизнис”, “корупцијата останува проблем”, “спроведувањето на законите за борба против корупцијата е слабо и селективно – додава Мицкоски.

И извештајот на неделникот Економист како што вели Мицкоски покажува поразителни резултати. Во индексот на демократија, Македонија е во ист кош со Боцвана и Сенегал како хибриден режим, а според Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнал рангирана е на 106-то место од 180 земји во светот, пад од 13 места, споредено со минатата година.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста