Србија нуди вакцинација за стопанствениците од Македонија

Бизнисмени од Македонија и регионот викендов ќе се вакцинираат во Белград. Иницијативата е на Стопанската комора од Србија која обезбедила 10.000 вакцини за бизнис секторот.
Информацијата ја потврдија и од Стопанската комора на Македонија.

„Во моментов се подготвува список на работници чии работни места се врзани за патување, движење и контакт со луѓе, да на овој начин станат оперативно способни и да можат да го задржат нивото на економска активност“, информираат од Комората.

Во меѓувреме, српските власти дозволиле во Белград да се вакцинираат и други македонски државјани кои немаат српски документи, но кои претходно аплицирале на веб страницата за имунизација. Информацијата ја потврди професорот Дејан Трајковски, кој веќе ја прими вакцината на Астра Зенека во Србија.

„Имам добри вести за Македонците без српско државјанство и престојувалиште во Србија, коишто се пријавиле за вакцинација во Србија. После два месеци од пријавата на 27.01, добиена е покана за вакцинација на Белградски саем на 27.03 со вакцината Оксфорд/АстраЗенека“, објави Трајковски на Фејсбук.

А во Македонија се уште е неизвесно кога ќе стигнат првите дози за масовна имунизација. Власта без конкретни датуми, а најавите за обезбедени дози од повеќе прозиводители, кои се провлекуваат со месеци уште еднаш поемстени, овој пат за во април. Докторите алармираат – постапките за набавка на вакцините уште од старт доцнеа, па затоа во земјава нема вакцини за масовна инунизација.

„Доцна се почна со контактите, со набавувањето, со која и да е постапка, не се искористија луѓе кои што имаат лични директни контакти со фабрики, звучни имиња во тие земји… Имаше некакви небулозни да еве на руската амбасада не и се одговори, иако уште есента луѓето се понудиле. Сега ќе ви кажат насекаде по Европа дивее вирусот, бројките секаде растат, да, меѓутоа разликата е што голем дел од популацијата кај нив е веќе вакцинирана и ќе почне наеднаш да паѓа тој број и ќе се стави побрзо под контрола болеста. Кај нас сето тоа ќе се пролонгира“, вели доктор Ленче Нелоска, магистер по јавно здравје.

Бројни експерти од лекарската фела алармираат дека пикот на новиот корона бран не очекува кон средината на април, а поради недостиг на вакцини, лошите политики од менаџирањето со пандемијатво граѓаните ќе ги чувствуваат и во текот на летото, велат докторите.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста