СПМ: На вработени со договор на дело во Центарот за јавно здравје им е понудено да потпишат изјава дека ќе работат без финансиски надомест

СПМ: На вработени со договор на дело во Центарот за јавно здравје им е понудено да потпишат изјава дека ќе работат без финансиски надомест

Социјалистичка партија на Македонија реагира на хаосот во здравствениот сектор.

„Постојано сме сведоци на скандали, почнувајќи од Онкологија, постојаната борба на пациентите за да добијат соодветен здравствен третман, па се до неисполнетите ветувања кон здравствените работници.

Вчера здружението на лекари специјализанти побара итно покачување на надоместокот на приватните специјализанти согласно просечната плата во Македоднија и трајно решавање на статусот на вработување на овие лекари.Не поминаа ни 24 часа, повторно скандал. Социјалистичка партија на Македонија дојде до податок дека на здравствените работници по договор на дело во ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје им е понудено да потпишат изјава дека ќе работат без финансиски надомест.Ова е спротивно со закон и ова се коси со здравиот разум“, ОБЈАВИ СПМ.

ОД партијата бараат веднаш институциите да го испитаат случајот и да спречат злоупотреба на трудот на оваа категорија на луѓе.

„После 8-ми мај, ќе следува одговорност и конплетно испитување на сите злоупотреби направени во овој сектор“, порачуваат од СПМ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста