Спировски: Комисијата за заразни болести донесе многу нелогични одлуки, потребна е итна промена во истата

Најновата одлука на владата за засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја со поголем број на позитивни случаи  на Ковид19 наиде на остри критики од лекарите. Доктор Спировски во разговор за Алфа алармира, дека голем дел од одлуките на Комисијата за заразни болести се нелогични и нема да дадат позитивни резултати, исто како и претходните.

“И оваа мерка е рамна на оние мерки кои претходно владата ги донесе а кои не дадоа одредени позитивни резултати. Затоа што претходно многу нагло се олабавија мерките.” – вели универзитетскиот професор доктор Зоран Спировски.

И Спировски предупредува дека  во комисијата за заразни болести итно се потребни промени.

“Комисијата за заразни болести донесе многу нелогични одлуки во однос на заштитата од вирусот. Мислам дека таа реконструкција на комисијата за заразни болести треба да биде во насока на зголемување на бројот на еминентни инфектолози, епидемиолози  и секако клиничари. А со самото проширување на комисијата ќе и се даде еден мултидисциплинарен карактер на истата.”  – тврди Спировски.

Дали во услови кога секојдневно имаме по повеќе од 100 позитивни на Ковид , треба да има избори? Спировски вели, тоа сега е невозможно.

“Треба да имаме еден период од 28 дена според епидемиолошките правила, да бројот на заболени да биде нула…што значи уште повеќе би ја комплицирале оваа ситуација која ни од далеку не е добра” – вели докторот.

Но, не е само Спировски, голем дел од лекарската фела стои на истиот став дека избори со рекордни бројки не треба да се случат.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста